Најмалку 22 лица, од кои 11 се деца, загинаа во поплавите и свлечиштата на индонезискиот остров Суматра по силниот дожд, соопштија денеска локалните власти. 

– Поплавата зазеде 20 деца од локално исламско училиште во областа Мандаилинг Натал – изјави шефот на полицијата Ирсан Синухаџи. 

Тој додаде дека спасувачите досега ги извадиле телата на 11 загинати деца, но дека се уште ги бараат другите.