Најмалку 13 лица загинаа, а 45 се водат како исчезнати по невремето проследено со јак ветер и поројни дождови, што ги погоди западните делови на Јапонија, предизвикувајќи поплави и лизгања на земјиштето.

Властите соопштија дека поголемиот дел од исчезнатите лица најверојатно ги однеле надојдените води, додека за околу 15-тина се претпоставува дека се наоѓаат под наносите од кал преизвикани од свлечиштата кои затрупа неколку куќи во префектурите Кјото и Хирошима.

Поради поплавите и лизгањата на земјиштето сообраќајот е во прекин на повеќе патни правци.

Локалните власти им препорачаа на жителите да се придржуваат кон предупредувањата за евакуација и за брзо реагирање во случај на невреме.