Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обвини Кина дека ги остава САД „зад линијата“ во обидот да спречат епидемија на коронавирус.

Тој ова го кажа во интервју за ЦНБЦ, наведувајќи дека е „неверојатно фрустрирачки“ да се работи со кинеската влада за да се добијат податоци за коронавирусот, што, како што рече, може да помогне во пронаоѓање на вакцината.

– Не заборавајте, ова е коронавирусот од Вухан што ја предизвика епидемијата, а информациите што ги добивме не беа совршени и не доведоа до оваа позиција. Ова не е начин како треба да се прави. Ова не е начин на кој функционира Америка, со транспарентност и отвореност и неопходно споделување на информации – рече Помпео.