Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска постави ултиматум од 60 дена за Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ).

Тој тврди дека Русија „лаже“ за својата контрола на оружјето.

Помпео наведе дека „повеќе не постои стратешка смисла САД да бидат единствена држава која ќе го почитува ИНФ.

Според него смо Русија може да го спаси ИНФ, која призна дека го кршела Договорот, а потоа повторно почна да го почитува.

Тој додаде дека САД ќе бидат принудени да го отпочнат напуштањето од ИНФ, што ќе трае шест месеци.

– Дострелот на ракетите претставува директна закана за Европа, истакна Помпео, алудирајќи на руските крстосувачки ракети ССЦ-8 односно ракетниот систем 9М729.