Соединетите американски држави за Германија остануваат најважен партнер надвор од Европа, но за најважните прашања сѐ уште се несогласуваат, изјави германската канцеларка Ангела Меркел пред средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Берлин.

-САД се и остануваат најважниот партнер на Германија надвор од Европа, рече пред разговорите со Помпеo. Како спорни теми, Меркел го наведе односот кон атомскиот договор за Иран.

Помпео изрази желба и другите земји да се приклучат на санкциите на Вашингтон против Иран и ги пофали германските санкции против иранската воздухоловна компанија махан Ер за која се сомневаат дека соработува со терористите.

Помпео претходно се состана со германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас со кој разговараше за односот кон кинеската телекомуникациска компанија Хуавеј.