Американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на вчерашната посета на Ирак изјави дека САД етапно и плански ќе се повлечат од Сирија.

Помпео во Багдад беше примен од премиерот на Ирак, Адил Абдул-Махди.

Во соопштението на ирачката Влада се наведува дека за време на средбата се разговарало за повлекувањето на американските трупи од Сирија, истакнувајќи дека Помпео не спомнал никаква временска одредница.

Абдул-Махди на средбата со Помпео го нагласи значењето на борбата против Исламска држава, како и односите меѓу САД и Ирак во бројни области, првенствено во енергетиката и економијата.

Помпео вчера допатува во ненајавена посета на Ирак, при што оствари средба и со ирачкиот претседател Бахрам Салих и со претседателот на Парламентот Мохамед ал-Халбуси.