Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека ако Пјонгјанг прифати целосно да ја укине неговата нуклеарна програма, тогаш САД ќе му дозволат на американскиот приватен сектор да инвестира во Северна Кореја.

– Американскиот приватен сектор ќе отиде да помогне во изградба на енергетска мрежа на Северна Кореја оти и е потребна огромна количина електрична енергија, посочи Помпео.

Тој додаде дека Американците исто така ќе помогнат инвестирајќи во севернокорејската инфраструктура и земјоделство со цел да и помогнат на Северна Кореја да го нахрани нејзиниот народ доколку земјата ги исполни американските барања.