Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави денеска дека Соединетите Американски Држави се подготвени да воведат санкции за ирачките власти кои ја украле државата и оние што се одговорни за смртта на демонстрантите.

– Нема да стоиме додека ирачките власти прават народот да страда“, рече Помпео пред новинарите во Стејт департментот – пренесува „Ројтерс“.

Тој најави дека САД ќе го користат правниот орган за санкционирање на корумпираните лица и оние што повредуваат и убиваат мирни демонстранти.