Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа најави дека по сердбата меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, што се одржа минатата недела во Сингапур, можно е тој повторно да отпатува во Северна Кореја за да ги продолжи разговорите за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Осврнувајќи се на средбата Трамп-Ким, Помпео оцени дека во овој момент „е тешко да се знае“ дали ќе биде потребна нова средба меѓу нив.

Според Помпео, претстои доста работа за да може да се имплементира договореното меѓу лидерите на двете земји.

– Претседателот Трамп е решен да го исполни својот дел од договорот, со цел примирјето да прерасне во трајно ставање крај на Корејската војна- изјави Помпео, додавајќи дека американскиот претседател сака Северна Кореја да стане „прекрасно место, кое ќе биде успешно“.  

Помпео првпат ја посети Северна Кореја на почетокот на минатиот месец, во рамки на подготовките за сребдата Трамп-Ким.