Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази жалење за уривањето на рускиот Иљушин Ил-20 над Сирија, при што загинаа 15 руски војници.

– САД жалат за загинувањето на членовите на екипажот на рускиот авион што беше соборен од сириски противвоздушен оган. Несреќниот инцидент не потсетува на потребата да изнајдеме трајно, мирољубиво и политичко решение на многуте проблеми кои се преклопуваат во регионот и на опасноста од трагични погрешни проценки во пренатрупаното сириско бојно поле, се вели во соопштението на секретарот Помпео.

Помпео воедно го обвини Иран за „провокативно транспортирање на опасни воени системи во Сирија“, со што се загрозува целиот регион.

Инцидентот се случил откако операторите на сирискит противводушен ракетен систем процениле дека рускиот авион всушност е израелски ловец кој кусо време претходно ракетирал позиција на проиранската група Хезболах во Сирија.

Израел често напаѓа ирански позиции во Сирија, стравувајќи дека Иран може да ја искористи Сирија за лансирање на ракети кон Израел.