Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги отфрли тврдењата на Техеран дека се уапсени агенти на ЦИА во Иран и осудени на смрт. Тој рече дека иранскиот режим има долга традиција на лажење.

Иранските медиуми претходно објавија дека во земјата се уапсени 17 шпиони кои работеле за американската Централна агенција за разузнавање и дека некои се осудени на смртна казна.

Министерството за разунавачки работи соопшти дека разбило шпионска мрежа на ЦИА и оти се уапсени 17 агенти.