Државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, денеска ја започна посетата на државите во Европа и Блискиот исток, чии лидери ја честитаа победата на Џо Бајден на изборите.

Државниот секретар на САД на ова патување тргна без да го признае поразот на Доналд Трамп.

Помпео ќе посети седум држави за да ги нагласи приоритетите на администрацијата на Трамп, посебно нејзината антикинеска и антииранска политика, а ќе ги посети и еврејските населби на Западниот брег, кои претходните секретари ги избегнуваа.

За време на еднонеделната турнеја во седум земји, Помпео ќе замине во Франција денес, а потоа во Турција, Грузија, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија. Лидерите на сите овие земји му ја честитаа Бајден на победата на претседателските избори.

Четири од тие земји – Франција, Турција, Грузија и Катар – имаа трнливи односи со администрацијата на Трамп и не е јасно дали Помпео ќе се појави во јавноста со некој од нивните лидери.