Американскиот државен секретар Мајк Помпео нагласи денеска во Советот за безбедност на ОН дека ако Северна Кореја се оттргне од патот на дипломатијата и денуклеаризацијата, „тоа неминовно ќе предизвика поголем притисок и изолација“.

– Спроведувањето на санкциите на СБ на ОН мора да продолжи енергично и без пропусти, се додека не реализираме целосна, конечна и проверена денуклеаризација, нагласи Помпео пред СБ.

Државниот секретар на САД додаде дека членките на Советот за безбедност мора да бидат пример за такви напори.