Лидерите на земјите од групата 7 на самитот во Бијариц, Франција, денеска постигнаа договор за финансиска помош од 20 милиони долари, со цел да се помогнат напорите за гаснењето на пожарите во Амазонија.

-Реалноста е дека за итна помош навистина има потреба од парични средства, затоа што нема доволно пари за да се финансираат авионите за гасење на пожартите – изјавил анонимен извор за „Ројтерс“ кој ја потврдил бројката од 20 милиони американски долари.

Бразилската вселенска агенција соопшти дека бројот на пожари во Амазон е зголемен за 83 проценти во однос на минатата година, како резултат на уништувањето на шумата со цел теренот да се пренамени во обработливи површини.