Помладиот брат на американскиот претседател Доналд Трамп, Роберт, е хоспитализиран во Њујорк, објави Белата куќа денеска, без дополнителни информации.

Портпаролот на Белата куќа, Џад Дир, потврди дека помладиот брат на Трамп е во болница.

– Претседателот се очекува да го посети неговиот брат подоцна во текот на денот – додаде портпаролот.

Каналот Еј-би-си њуз соопшти дека Роберт Трамп бил „многу болен“, повикувајќи се на неименувани извори.

Засега не е познато за која болест станува збор.