Претседателот во заминување Доналд Трамп го помилува својот поранешен советник за национална безбедност Мајкл Флин, во редок чин на покажување милост. Флин се изјасни за виновен затоа што го лажел ФБИ за своите контакти со руски претставници и беше отпуштен по 23 дена од назначувањето на неговата функција. Во текот на неговиот мандат во Белата куќа, Трамп многу поретко се одлучуваше да помилува, да замени нечија затворска казна и да преземе други форми на намалување на казните за разлика од другите претседатели, особено во однос на неговиот претходник. Како една од последните одлуки во својот осумгодишен мандат, претседателот Барак Обама соопшти дека ќе им ја замени казната на 330 затвореници, од кои повеќето отслужуваа казна поради полесни прекршоци за поседување наркотични супстанции. Пред крајот на неговиот втор мандат, Белата куќа соопшти дека Обама заменил најмногу казни на затвореници од сите други претседатели во американската историја.
Во однос на чекорите за целосно помилување, Обама има доделено најмногу досега по Хари Труман, наведуваат податоците на Министерството за правда објавени од страна на истражувачкиот центар „Пју“.