Агенцијата за внатрешна безбедност на Полска  го привела полскиот државјанин Марцин К. под сомнение за шпионирање за руски тајни служби и предавање воени тајни, изјави портпаролот на министерството што ја координира активноста на полските тајни служби, Станислав Зарин, пренесува ТАСС.

– На 5 мај 2021 година, агентите на Службата за внатрешна безбедност приведоа 43-годишен маж под сомнение дека шпионирал. Според доказите собрани од ИСА, овој полски државјанин работел за руските специјални служби – рече тој.

Истражителите тврдат дека осомничениот извршувал задачи кои му биле поставени, пред се да им пренесува на руските специјални служби информации и материјали од воената индустрија, како и информации за полски правни ентитети и полските граѓани.

Уапсениот, наводно, ги пруфатил обвиненијата,а судот му одредил три месеци притвор. Сите детали за случајот се тајни.