Претседателот на Полска неодамна објави декрет со кој се воведува вонредна состојба на границата со Белорусија на 30 дена поради мигрантската криза.

Како што истакна полскиот претседател во својата одлука, вонредна состојба се воведува на 183 места лоцирани во три километарскиот појас по должина на границата со Белорусија, што многумина го оценија како потег без преседан во посткомунистичката историја на Полска.

– Ситуацијата на границата со Белорусија е тешка и опасна. Полска, како држава одговорна за нејзините граници, но и за границите на Европската Унија, мора да преземе мерки за да ја обезбеди безбедноста и на полските држави и на Европската Унија – изјави портпаролот на полскиот претседател Блажеј Спичалски.

Според полските власти, вонредната состојба на границата со Белорусија е воведена првенствено поради поголемиот прилив на мигранти од арапските земји кои преку Белорусија се обидуваат да стигнат до земјите од Европската Унија.

Портпаролот на полскиот претседател изјави дека во последните неколку месеци илјадници мигранти се обиделе да побегнат од Белорусија во земјите од Европската Унија, од кои Полска, Литванија и Летонија беа најпогодени.

Според властите, само во август околу 3.200 мигранти илегално сакале да ја преминат границата меѓу двете земји, а ситуацијата ескалирала особено по кризата во Авганистан, кога голем број граѓани ја напуштиле земјата поради талибанските освојувања.