Колумбиската морнарица спаси тројца колумбиски државјани што очајно се држеле за пакети со кокаин, 30 наутички милји од местото Тумако, во колумбиски води.

Видеата се направени на 28. септември, а на нив се гледаат тројца шверцери на дрога како се држат за пакетите и чекаат да пристигне бродот на колумбиската морнарица и нејзините припадници за да им ги спасат животите. Според информации од морнарицaта, тројцата спасени шверцери добиле прва помош во бродот и биле пренесени до пристаништето.

Таму било утврдено дека содржината на пакетите со тежина од 1,2 килограми е всушност кокаин.

Пакетите со дрога се запленети, а уапсените шверцери ќе бидат гонети за кривични дела трговија, производство и транспорт на наркотици.