Данската полиција денеска забрани и втор антимуслимански протест во дeлот на Копенхаген, во кој живеат голем дел имигранти, а со цел да се избегнат евентуални немири.

Данската полиција соопшти дека истражува предмет налик на рачна граната, кој го пронашле на плоштадот каде екстремниот десничар Расмус Палудан планирал да одржи протест.

Полицијата и вчера откажа слични демонстрации во предградие на Копенхаген, но противниците на демонстрациите потоа ги запалија контејнерите за отпад, а полицијата мораше да користи солзавец за да ги растера. Поради насилствата приведени се 23 лица.

Немирите почнаа во неделата, откако Палудан, адвокат кој во изминатиот период одржа десетици анти-муслимански протести ширум Данска, при што тој неколку пати го фрлаше во воздух Куранот пред насобраниот народ.