Полицијата во Хонгконг обвини 44 лица поради немири за време на антивладините протести минатиот викенд.

Во неделата беа уапсени вкупно 49 лица, што претставува најголемо масовно притворање откако започнаа протестите на 9 јуни против законот за екстрадиција во Кина, според кој осомничените би можеле да бидат испратени на судење во нивната матична земја, Кина.

Обвинетите треба утре да се појават пред судот и тие можат да се соочат со максимална десетгодишна затворска казна доколку бидат прогласени за виновни.