Полицијата во Берлин наведува  дека тие би можеле да почнат да регрутираат вработени од странство, особено од други земји на Европската унија. Причината е недостиг на кандидати, јави ДПА. 

– Потенцијалните кандидати од другите земји на ЕУ ќе добијат интензивна обука за германски јазик – изјави шефот на полицијата на Берлин, Барбара Словик

Таа рече дека регрутирањето доволно соодветни кандидати може да биде тешка задача, и дека полициската кариера треба да се направи поатрактивна.

Столик додаде дека сака повторно да види 19.000 вработени на улиците на Берлин. Според неа, тие сега се околу 17.000.