Тројца шпански полицајци, кои паднале од чамец што се превртел за време на потера, биле спасени од шверцерите со дрога кои ги гонеле, соопшти полицијата.

До неочекуваното спасување дошло кога полициски чамец тргнал во потера по глисерот во кој се наоѓале четворица осомничени за шверц со дрога во близина на јужниот брег на Шпанија.

За време на потерата двата чамци се судриле, по што полицајците паднеле во морето, бидеји нивниот брод се движел без контрола.

Полициска помош пристигнала со хеликоптер, кои преку мегафон побарале помош од осомничените во глисерот да ги спасат тројцата нивни колеги во морето.
Спасувањето не им помогнало на шверцерите кои биле уапсени откако полицијата пронашла три тони хашиш во вода во нивна близина.

Иако помогнале да се спасат полицајците, тое не ги спасило од казната, бидејќи олицијата пронашла три тони хашиш во водата во близина.

– Тие беа уапсени за трговија со дрога – се вели во полициското соопштение, во кое се наведува дека повеќе од 80 пакети со хашиш биле извлечени од морето.