Полицијата во Охајо уби 16-годишна Афроамериканка откако реагирала на итна пријава со напад со нож, известуваат американските медиуми.

Според нив, тинејџерката која учествувала во инцидентот во главниот град Колумбос е идентификувана како Махија Брајант.

Веста за убиството на тинејџерката во полициската интервенција во Охајо беше објавена непосредно пред поранешниот полицаец Дерек Шовин од Минеаполис, Минесота, да биде прогласен за виновен за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд.

Набргу по убиството на девојчето, во близина на местото каде се случил инцидентот биле организирани мирни протести, чии учесници го извикувале името на тинејџерот, пренесува Би-би-си.

По пристигнувањето, полицијата пронашла неколку лица кои се расправале на тревникот пред куќата, вклучувајќи ја и тинејџерката која со нож нападнала прво една жена која паднала, а потоа и друга личност, ова како што соопшуваат надлежните го виделе на видеото од камерата што била прикачена на полициските униформи.

– Ова не требаше да се случи. Сакам одговори – рече мајката на убиеното девојче, додавајќи дека нејзината ќерка, која била во згрижувачко семејство, со нетрпение чекала да се врати дома.

Градоначалникот на Колумбос Ендру Гинтер изјави дека ова е „ужасен, срцепарателен и трагичен ден во градот“.

– Од видеото знаеме дека полицаецот постапил за да заштити друга млада девојка во нашата заедница, но семејството е тажно вечерва – рече Гинтер.

Полицаецот кој ја уби тинејџерката не е именуван, но, како што пишуваат американските медиуми, тој е на платено отсуство. Истрагата е во тек, а официјалните лица апелираат до граѓаните да останат смирени.