Во денешните инциденти на автобуска станица во близина на зградата на Пентагон во Вашингтон, еден полицаец од обезбедувањето на објектот е избоден до смрт, а најмалку едно лице е погодено при пукањето, потврдиле два добро информирани анонимни извори.

Во извештајот на АП се наведува дека напаѓачот бил убиен на самото место, дека зградата и околината на Пентагон биле под блокада повеќе од еден час и дека пукањето се случило пред самиот објект на Министерството за одбрана на САД, на постојка за градски автобуси, од која илјадници вработени во Пентагон влегуваат на работа.

Возовите од метрото и автобусите го заобиколуваат Пентагон поради полициската истрага која е во тек.