Грета Тунберг порачува

Шведската активистка за заштита на климата, Грета Тунберг, им рече на младите демонстранти во Глазгов дека политичарите кои присуствуваат на КОП26 „се преправаат дека сериозно ја сфаќаат својата иднина“. Тамошните медиуми пренесуваат дека поради доаѓањето на светските лидери на самитот за климата КОП26, планирани се повеќе демонстративни собири во Глазгов.

Собирот на кој присуствуваше Тунберг беше еден од десетината одржани вчера. Таа на другите активисти им порача дека промената нема да дојде од политичарите на самитот, туку од собрани поединци кои го преземаат водството.

Се очекува Тунберг да учествува и на големиот климатски марш во Глазгов на 5 ноември, среде конференцијата на ОН.