Украинското Државно истражно биро објави денеска дека започнало кривична постапка против поранешниот претседател Петро Порошенко поради наводно предавство, соопшти Бирото.

Постапката е покрената и против други официјални претставници, според Украинската новинска агенција.

Сите тие се обвинети во врска со инцидентот кај теснецот Керчк, на 25 ноември 2018 година, кога два украински оклопни брода и теглач беа заробени од руските граничари во Азовското Море.

Случајот беше отворен по иницијатива на заменик-шефот на администрацијата на поранешниот претседател Виктор Јанукович, Андрија Портнов.

Во тек е предистражна постапка.