Репортери без граници покренаа петиција против екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж на САД. Иницијативата следи само неколку дена пред сослушувањето пред судот во Лондон.

Организацијата ја повика владата на Велика Британија во постапувањето кон Асанж во прв план да ја стави слободата на изразување и одбрана на новинарството и да делува во согласност со британското право и обврски, кои произлегуваат од меѓународното хуманитарно право.

Во соопштението на Репортери без граници, се потсетува дека Асанж во САД се соочува со казна од 175 години затвор, поради обвиненија во врска со објавување и обезбедување информации за други новинари, кои служеле на јавниот интерес.

Во тек е потпишување електронска петиција на интернет-страницата на Репортери без граници.