Холивудската актерка Лори Логлин отиде на издржување затворска казна од два месеци, поради нелегален обид да ги запише своите ќерки на колеџ.

Познатата брачјна двојка Лори Логлин и Масимо Џанули ја загубија битката пред судот во случајот со обвинението дека му платиле на Рик Сингер половина милион долари за да ги фалсификува спортските резултати на нивните ќерки и како успешни веслачи да се запишат на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Лори Логлин отиде во истиот затвор каде нејзината колешка Фелисити Хафман, ѕвездата на „Очајни домаќинки“, одлежа 11-дневна казна.

Нејзиниот сопруг Масимо Џанули е осуден на пет месеци затвор, 250 часа општокорисна работа и парична казна од 250.000 американски долари. Покрај двомесечен престој во затвор, Лори ќе мора да стори уште 100 часа општокорисна работа и да плати казна од 150.000 долари.

Вкупно 57 лица се обвинети за корупциски скандал околу запишувањето на факултет.

– Донесов страшна одлука. Сакав моите ќерки да се запишат на факултет на нефер начин. Би сакала да можам да се вратам во времето и да направам некои работи поинаку, но можам само да преземам одговорност и да одам напред – рече Логлин пред судот во август.