Ферибот, на кој се наоѓаат 335 патници и членови на екипажот, гори во водите на Балтичкото Море, соопшти литванската армија.

Фериботот испратил сигнал за опасност околу 12.45 часот по средноевропско време, а литванската војска веднаш испрати хеликоптер на местото на несреќата, додека други два хеликоптера се ставени во состојба на готовност.

Според спасувачки служби на Литванија и Русија, кои учествуваат во спасувачката операција, пожарот кој избувнал на фериботот „Реџина Сивејс“ е изгаснат.

Сите патници биле собрани на едно место и не настанала паника.

За укажување помош веднаш се упатиле осум руски и литвански бродови.

Претставник на данскиот оператор на фериботот „ДФДС“ ги демантира информациите дека избувнал пожар, а како причина за несреќата навел технички проблем. Тој додаде дека бродот ќе биде вратен до литванското пристаниште Клајпеда.

Фериботот патувал од Клајпеда кон германскиот град Кил.