Најмалку четворица мигранти загинаа, а седуммина се повредени кога избувнал пожар на нивниот брод крај јужниот брег на Италија, јавија италијанските медиуми. Полицијата во Кротоне соопшти дека биле повредени двајца полицајци, кои се обиделе да им помогнат на мигрантите, пренесува „Ројтерс“.

Италијанската државна телевизија РАИ њуз 24 наведува дека е потврдено дека загинале четворица мигранти, но дека засега не е јасно дали починале во пожарот или се удавиле во морето, додава АП.

По пожарот, кој е предизвикан од експлозијата, се кренал густ црн дим, која можеле да го забележат дури и пливачите на плажата во близина на Кротоне, пристанишен град во регионот Калабрија, на југот на Италија.

Новинската агенција Прес наведува дека на бродот имало околу 20 мигранти.