Пет лица настрадаа во пожар којшто избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари, пренесува „Ројтерс“.

Истите извори наведуваат дека седум лица се повредени и се згрижени од страна на итната медицинска помош. Пожарот е под контрола.