Околу 3.000 луѓе се евакуирани поради пожар што изби тргоговскиот центар „Атриум“ во центарот на Москва. Во меѓувреме огнот е изгаснат.

Пожарот изби на кровот и зафати површина од 10 метри квадратни. Се претпоставува дека причината за огнот е грејач под кровната конструкција.

Пожарникарите и понатаму се во трговскиот центар. Според првичните информации нема повредени лица.

На 25 март во трговски центар во градот Кемерово во пожар загинаа 64 луѓе, од кои 41 дете.