Во операта „Фениче“ во Венеција денеска избувна пожар во кој се повредени двајца членови на техничкиот персонал, пренесува агенцијата АНСА.

Станува збор за оперската зграда која веќе еднаш беше уништена во пожарот од 1996 година.

Генералниот менаџер на операта Фортунато Ортомбина за АНСА изјави дека причината и штетата се утврдени. Вечрва на репертоарот нема закажано претстави.

Театарот, оригинално изграден во 1792 година, беше местото каде што беа одржани светските премиери на Верди и Росини.

Откако беше уништен во 1996 година, повторно беше отворен во 2004 година.