Избувна пожар во магацин за пиротехника во Москва, при што се случија низа експлозии. Огнот зафати петарди и други уреди исполнети со барут, соопшти Службата за итни ситуации. Нема информации за евентуални жртвите во пожарот.

Бело сив густ чад излегува од магацинот и лебди над градот. Сообраќајната полиција излегла на местото на експлозијата, а руското Министерство за вонредни состојби потврди дека во магацинот има пожар.

Очевидци пријавија пожар и експлозии во областа на насипот Лузњец. Поради пожарот, сообраќајот е ограничен.

– Според прелиминарните податоци, пожарот зафатил површина од 150 квадратни метри, а потоа се проширил на блиската зграда – наведува извор на ТАС С.

Пожарникарите побараа дополнителни единици бидејќи пожарот сè уште е надвор од контрола.