Околу 100 пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарот кој изби во хотелот Мандарин Ориентал во центарот на Лондон.

Пожарот е пријавен околу 16 часот по локално време. Улиците околу 12-катниот хотел се затворени, а на местото на настанот има возила за брза помош, како и 15 противпожарникарски возила. Во моментов пожарникарите го пребаруваат хотелот, во случај некој од гостите или персоналот да не останал по евакуацијата.

Шефот на противпожарната бригада Пем Опароча изјави дека пожарникарите „работат исклучително напорно за да го стават огнот под контрола“ и оти за тоа најверојатно ќе им требаат уште неколку часа.

Засега не се знаат причините за пожарот, ниту има информации за евентуално настрадани лица.