Студиото „Ворнер Брос“ во близина на Лос Анџелес е евакуирано откако избувнал пожар во негова близина, јавија американските медиуми.

Опожарени се 34 хектари, соопшти пожарната служба во Лос Анџелес и додаде дека ниту еден објект не е изгорен или загрозен.

Властите ги повикаа локалното население да остане во своите домови, но не беа издадени наредби за евакуација.

Во гаснењето на пожарот учествуваа повеќе од 230 пожарникари, кои успеаја да спречат ширење на огнот.