Спасувачките служби пронашле најмалку пет тела по пожар во една куќа во западна Германија. Меѓу жртвите се маж, жена, две малолетни деца и постара жена.

Полициските истражители се сомневаат дека во прашање е убиство и самоубиство во семејството.

Пожарникарите за време на интервенцијата вчера пронашле пет тела во запалената куќа во германскиот град Радеформалд, во близина на Вупертал, а утврдено е дека се работи за 41-годишен маж, неговата 37-годишна сопруга, нивните две деца на возраст од една и четири години и 77-годишна баба, чии имиња не се наведени.

АП наведува дека полицијата и обвинителите соопштиле дека според првичните податоци од истрагата се претпоставува дека мажот ги убил другите членови од семејството, ја запалил куќата и потоа себе си нанел смртни повреди со нож, а како мотив се наведуваат лоши брачни односи.