На повеќе од 1,2 милиони хектари се проширија пожарите што со денови беснеат во рускиот регион Јакутија, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

– Вкупно 123 пожари зафатија површина од 1.215.960 хектари – се наведува во соопштението.

Како што пренесе „ТАСС“, досега се изгаснати 17 пожари, а 106 се активни.

Во гаснењето на пожарите се вклучени 734 лица со 43 парчиња опрема, а заклучно со вчерашниот ден, армијата помагала со 10 авиони ИЛ-76 и 10 воено-транспортни хеликоптери.