Четири католички цркви изгореа во западна Канада минатата недела, вклучително и две цркви во Британска Колумбија, област населена со домородни Индијанци. Полицијата објави дека црквите се целосно уништени, наведувајќи дека смета оти пожарите се „сомнителни“, објавија медиумите.

– Досега нема уапсени или обвинети лица, а истрагата сè уште трае – изјави портпаролот на полицијата Џејсон Бојд.

Минатата недела, автохтоно племе објави откривање на 751 гроб на местото на некогашен интернат, што откри дел од агонијата низ која поминале децата на автохтоното население во католичките училишта за асимилација.

– Истражувањето го започнавме со георадар на 2 јуни и до вчера пронајдовме 751 необележан гроб – изјавија официјалните власти.

Тоа е ново откритие во општината Мариевал на западот од земјата, второ за помалку од еден месец.

– Некои можеа да се идентификуваат, но претставниците на Црквата ги тргнаа надгробните споменици – рече тој.

Тоа е кривично дело во Канада.

– Тоа не е масовна гробница, тоа се неидентификувани гробови – рече официјалното лице.

Премиерот Џастин Трудо исто така издаде соопштение во кое се вели дека Канада мора да извлече поуки од минатото и да тргне кон помирување.