Најмалку 12 загинаа, а 35 се повредени во пожар што избувна во студиото за анимација „Кјото Анимејшн“ во западниот јапонски град Кјото.

Состојбата на 10 лица е критична, а се стравува дека уште 18 луѓе се заробени во трикатната зграда.

Полицијата покрена истрага против едно лице, кое се сомничи дека го подметнало пожарот со запаллива течност. Осомничениот е повреден и во моментов се наоѓа во болница.