Против поранешниот претседател на Јужна Кореја Ли Мјун-бак подигнато е обвинение поради наводи за мито.

Ли беше претседател на Јужна Кореја од 2008 до 2013 година, и тоа е четврти претседател што ќе се најде пред суд.

Тој е обвинет по 16 точки за корупција, а обвинителите на товар му ставаат дека зел 10,4 милиони долари мито, вклучително 5,85 милиони долари од разузнавачката служба на Јужна Кореја.

Обвинението против Ли е само неколку дена откако поранешната претседателка Парк Гуен-хје беше осудена на 24 години затвор поради корупција.