Ричард Гренел

Американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, ја заслужи наклонетоста на американскиот претседател Доналд Трамп преку својата фанатична приврзаност, критикувајќи ја германската влада поради нејзините ставови за безмалку сите прашања, од Иран до трговијата, осудувајќи ги неговите демократски ривали преку појавувањето на Фокс њуз и подбивајќи се со медиумите на Твитер, пишува „Форин полиси“.

Сега, неговиот подем овозможен од Трамп, за да служи како предводник на најмоќната светска разузнавачка мрежа предизвикува трепет низ американските дипломатски и разузнавачки кругови, кои се плашат дека тој ќе ги извртува фактите во корист на политичките потреби на претседателот.

Портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам кажа дека Гренел е „посветен на „аполитичкиот и непартискиот пристап како шеф на разузнавачката заедница“. Но неколкумина од поранешните колеги на Гренел го гледаат како несоодветно решение за функцијата, велејќи оти тој би бил подобар министер за пропаганда отколку непристрасна врска на претседателот за разузнавачките прашања или чувар на најчувствителните тајни на нацијата.

Брзиот подем на Гренел во администрацијата на Трамп збуни дел од неистомислениците во владата.

– Метеорскиот подем на Гренел е најјасен доказ во универзумот дека не постојат ни Господ ни правда – вели еден поранешен американски функционер кој соработувал со него.

Гренел би можел да остане в.д. директор на Националната разузнавачка служба во следните 210 дена, ако Трамп номинира нов директор за потврда од Сенатот, според американскиот закон за испразнетите функции.

Гренел има големо искуство во работата со службите за безбедност и голем број дополнителни функции, вклучувајќи го и местото специјален пратеник за преговорите меѓу Србија и Косово, како и портпарол на САД во ОН.