Иако Доналд Трамп ги загуби претседателските избори, голем број негови приврзаници се собраа денес во Вашингтон со цел да ја осудат, како што велат, кражбата на изборите во САД.

Американскиот претседател кој една недела по објавувањето на резултатите не го призна поразот, додека ја напушташе Белата куќа можеше да види од неговата лимузина илјадници симпатизери собрани во центарот на градот.

Претседателскиот конвој помина покрај плоштадот Слобода, каде поддржувачите на Трамп извикуваа: „Уште четири години! Уште четири години!“ и „САД! САД!“

Многумина вееја знамиња „Трамп 2020“, а некои носеа транспаренти на кои пишуваше „Најдобар претседател во историјата“.