Поддржувачите на Брегзит во партијата на Тереза ​​Меј „најверојатно“ утре ќе повикаат да се гласа недоверба на лидерката, соопшти политичкиот уредник на Би-Би-Си Лора Кунсберг, повикувајќи се на висок член на Конзервативната партија.

– Висок конзервативец ми кажа дека гневот на брегзитерите е толку голем што најверојатно утре ќе има повик за гласање недоверба – напиша таа на Твитер.

Според Кунсберг, нивниот гнев е поттикнат од нацрт-договорот на Меј за излез од Европската унија.