Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека подготовките за негова средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун продолжуваат, но таа сепак може да биде одложена или откажана, ако не бидат исполнети некои услови.

Претседателот на САД, кој даде изјава пред средбата во Белата куќа со јужнокорејски колега Мун Џе-ин, го повтори својот став дека Северна Кореја треба да „се денуклеаризира“, за да се одржи средбата со Ким закажана за 12 јуни во Сингапур.

– Мислам дека Ким е сериозен. Мислам дека е сосема сериозен во неговата намера да ја затвори нуклеарната воена програма на Северна Кореја, рече Трамп.

Американските медиуми коменитраат дека Трамп се надева оти Мун Џе-ин ќе му помогне да ги сфати точните намери на севернокорејскиот лидер.