Шри Ланка го ревидираше бројот на загинати во бомбашките напади, и тој изнесува за над 100 помалку од претходно. Како што соопшти Министерството за здравство, бројот на загинати изнесува 253, а не 360, како што беше последно објавено. Од министерството велат дека се работи за погрешна пресметка.

Во меѓувреме, полицијата продолжува со рации и претреси на куќи, компании и локации каде наводно живееле осомничените напаѓачи. Објавени се фотографии од седуммина осомничени бомбаши самоубијци. Силите на редот побараа помош од јавноста за да ги фатат осомничените. 

Бомбаши самоубијци извршија напад врз хотели и цркви во областа Коломбо и источниот град Батикалоа. Во нападите стотици луѓе беа повредени. Поголем дел од нив биле од Шри Ланка, но исто така има и странци. Осомничени за нападите се деветмина напаѓачи.