Светот влезе во Новата година со бројни ограничувања поради пандемијата на коронавирусот и иако традиционалниот огномет беше организиран во некои главни градови во присуство на луѓе, плоштадите и улиците беа претежно празни, бидејќи собирите беа главно забранети.

Жителите на островите Самоа и Кирибати, кои се наоѓаат во Тихиот океан, први ја прославија Новата година, во 11 часот по средноевропско време. Спектакуларен огномет беше активиран во Нов Зеланд и Сиднеј, потоа во Москва и Дубаи, но поради рестриктивните мерки против вирусот во повеќето од тие градови, имаше малку луѓе кои можеа да ги следат во живо.