Вулканот Попокатепетл во Мексико вчера повторно еруптираше. Се стравува дека зажарената пепел ќе загрози најмалку 20 населби, објавија локалните медиуми.

Според извештаите, ерупцијата се случила околу 11 часот, а облакот од пепел се крева во висина од еден и пол километар и се движи кон општината Пуебла.

Последната ерупција на Попокатепетл се случи ноќта на 26 март, и тогаш лавата и зажарената пепел се разлеаја на околу четири клометри од кратерот, преку општината Хјуипан во централната држава Морелос.