Најмалку осум лица загинаa, а неколку десетици се повредени во два последователни земјотреси што ги погодија северните филипински острови, објавија денеска локалните власти.

Земјотресите со јачина од 5,4 и 5,9 степени според Рихтеровата скала минатата ноќ ја погодиле провинцијата Батанес, северно од главниот остров Лузон.

Властите не објавија дека постои опасност од цунами.